Овој процес вклучува преработка на искористени материјали (како стакло или пластика) за да се добијат нови производи, со што се штедат природни суровини
рециклирање
Како се нарекува процесот на долгорочно зголемување на просечната температура на Земјината атмосфера?
Глобално затоплување
Како се нарекува вкупната разновидност на животот на Земјата, вклучувајќи ги растенијата, животните и микроорганизмите?
Биодиверзитет (или Биолошка разновидност)
Како најлесно можеме да забележиме дека некоја река е силно загадена со отпад од домаќинствата и фабриките?
По непријатниот мирис и видливото ѓубре што плови во неа
Кој вид транспорт е најдобар за животната средина кога патувате на кратки растојанија?
Велосипед
Која боја на контејнер најчесто се користи за одделно собирање на отпадната хартија и картон
Сина
Кој гас, што се ослободува при согорување на фосилни горива, е примарна причина за ефектот на стаклена градина?
Јаглерод диоксид
Како се нарекуваат организмите кои се хранат со веќе мртва органска материја, со што овозможуваат рециклирање на хранливите материи во екосистемот?
Разградувачи
Што од наведеното претставува најголем проблем за океаните бидејќи морските желки често го мешаат со својата омилена храна (медузи)?
Пластични кеси
Кој вид енергија, добиена од движењето на воздухот, се користи за производство на електрична енергија со помош на турбини?
Енергија од ветер
Кој вид на отпад, кој вклучува остатоци од храна, зеленчук, исечена трева и слично, може да се искористи преку процесот на компостирање?
Биоразградлив отпад
Која важна последица од глобалното затоплување е директно поврзана со топењето на глечерите и поларните капи?
Покачување на нивото на морето
Како се нарекуваат организмите кои се способни сами да создаваат храна (на пример, растенијата)?
Како се нарекуваат малите, речиси невидливи парчиња пластика кои завршуваат во водата и се опасни за рибите и за луѓето?
Микропластика
Како се нарекува праксата на купување производи кои не се нови, туку веќе биле користени?
Купување од втора рака, Реупотреба,
Кој е процесот со кој се третираат материјалите што не можат да се рециклираат, со што се намалува нивниот волумен, а притоа се генерира топлина која може да се претвори во електрична енергија?
Согорување на отпад
Освен јаглерод диоксид CO2 наведете еден друг важен гас на стаклена градина кој најчесто се ослободува од сточарството и депониите. Почнувајќи од буквата м
Метан
Како се нарекуваат видовите кои се наоѓаат и живеат природно само во една, многу специфична географска област?
Ендемски/Ендемични видови
Како се нарекува процесот кога во езерото има премногу алги кои создаваат зелен слој на површината и го трошат кислородот, што доведува до угинување на рибите?
Еутрофикација
Како се нарекува процесот на донесување одлуки при купување, каде што се земаат предвид еколошките и етичките влијанија на производот?
Одговорно/етичко купување,
Како се нарекува модерната економска концепција која цели кон елиминирање на отпадот со постојано враќање на материјалите во употреба?
Циркуларна економија
Кој регион на Земјата се загрева најбрзо поради глобалното затоплување?
Арктикот
Која класификација на видовите е користена за оние кои имаат многу мала популација и опсег, но сè уште не се соочуваат со непосреден ризик од исчезнување?
Ретки видови
Наведете една од двете главни активности од земјоделството што придонесуваат за загадување на подземните води со нитрати.
Употреба на вештачки ѓубрива (или Интензивно сточарство)
Што претставува „Енергетскиот пасош“ (или енергетска класа А+++) кај апаратите за домаќинство?
Ознака дека апаратот троши многу малку електрична енергија и вода.