Што претставува бизнис-идеја?
Претпоставка дека ќе реши некој проблем, потреба или желба на пазарот.
Што се подразбира под „лични компетенции“ кај претприемачот?
Комбинација од знаење, вештини и искуство кои му овозможуваат успешно да води бизни
Кои се основни видови ресурси потребни за започнување на бизнис?
финансиски, човечки, капитални
Зошто е важно да се документираат бизнис процесите?
За да се обезбеди повторливост, контрола и одржлив успех во работењето.
Каков е претприемачкиот процес?
Претприемачкиот процес не е праволински процес со свој почеток и крај затоа што завршување на крајот на процесот претставува почеток на нов циклус на процес
Како се нарекува чувството на недостиг на нешто потребно за живот?
потреба
Зошто е креативноста важна за започнување на бизнис?
Бидејќи претставува извор на нови идеи кои можат да се претворат во потенцијални бизнис-можности
Што опфаќа категоријата „човечки ресурси“ во стартап-бизнис?
Луѓето со знаење, вештини и искуства потребни за управување и извршување на активностите во бизнисот.
Кои три главни документи се користат при документирање на процесите?
Мапа на процес, работна процедура и работна инструкција.
Во која фаза од претприемачкиот часовник се раѓа бизнис-идејата?
Од 00:00 до 01:00 часот – фаза на создавање на бизнис-идеја.
Кои три услови треба да ги исполни една идеја за да стане бизнис-можност?
Да биде атрактивна, достапна за купувачот и реализирачка за претприемачот
Кои се главните фази на креативниот процес?
Поставување на предизвик, истражување, генерирање решенија, пауза за размислување, ново разбирање и тестирање на идејата.
Кои фактори треба да се земат предвид при планирање на капиталните ресурси?
Локација и простор за работа, вид и количина на опрема, и начинот на нејзино обезбедување (купување или изнајмување).
Кои се главните процеси во претпријатието?
•Финансиски процес
•Маркетинг процес
•Процес на продажба
•Иновациски процес
•Производствен процес
Што се ,, основачките дилеми,, во претприемачкиот процес?
•Дали да основам претпријатие?
•Доколку основам претпријатие, дали самостојно или со соосновачи, какви ќе бидат односите, нивните улоги и кои ќе бидат нивните награди
Што претставува стартап и кога тој преминува во компанија?
Привремена организација создадена за тестирање на бизнис-модел; престанува да биде стартап кога ќе стане стабилна и легална организација.
Што претставува иновацијата во контекст на претприемништвото?
Процес на создавање нов или подобрен производ, услуга, процес или бизнис-модел што носи додадена вредност.
Која е главната цел на анализата на финансиските ресурси пред започнување на бизнис?
Да се утврди колку пари се потребни за започнување и одржување на бизнисот додека не започне да генерира приходи.
Во што се разликува работната процедура од работната инструкција?
Процедурата опишува повеќе активности и чекори во еден процес, додека инструкцијата објаснува како точно се изведува една специфична активност.
Кои функции ги обединува менаџментот во претприемачкиот процес?
Планирање, организирање, раководење, мотивирање и контролирање на активностите во претпријатието.
Целта на генерирање бизнис-идеи е
Да се пронајдат повеќе можни решенија за пазарни проблеми
Кои се деветте клучни компоненти на бизнис-моделот според „Бизнис модел Канвас“?
Вредност, клучни ресурси, клучни активности, клучни партнери, сегменти на купувачи, канали, односи со купувачи, приходи и трошочна структура.
Објасни зошто претприемачот треба да направи детална проценка на изворите на финансирање?
Затоа што треба да одреди кои средства ќе бидат сопствени, кои ќе бидат обезбедени од соосновачи или преку задолжување, и како ќе се покрие можниот финансиски јаз до почетокот на профитабилност.
Каде се наоѓаат деловните политики во хиерархијата на процеси и која е нивната улога?
На врвот на хиерархијата – тие претставуваат водечки принципи што ги насочуваат одлуките и акциите во организацијата, во согласност со законите и стратегиските цели.
Зошто дванаесеттиот час на претприемачкиот часовник се поврзува со лидерството?
Затоа што во оваа фаза претприемачот мора да покаже визија и лидерство за да го мотивира тимот и да обезбеди континуиран развој на претпријатието.