Од кои грчки збора потекнува зборот ,,политичка економија“?
Од грчките зборови
Polis-град држава
oikos (дом, домаќинство) и
nomos (правило, принцип)
Колку основни економски концепции постојат?
4 -класична, неокласична, пазарна и синтетичка
Кои се основни фактори на производство?
Труд, земја, капитал и претприемништво
Што проучува микроекономијата?
Однесувањето на поединечни потрошувачи, фирми и одделни пазарни сегменти
Кои се трите прашања што ги сочинуваат централниот економски проблем?
Што да се произведува, како да се произведува и за кого да се произведува.
Кој економист прв почнал да ја предава економијата на универзитет и го вовел терминот „економика“ наместо „политичка економија“?
Алфред Маршал
На што се фокусира неокласичната економска концепција?
На создавање и зголемување на богатството на народите -материјално и нематеријално
Што претставуваат инпутите во економијата?
Добра и услуги што ги користат претпријатијата во процесот на производство
Што проучува макроекономијата?
Економијата во целина – вкупното производство- БДП, невработеноста, инфлацијата и економскиот раст.
Што значи прашањето „како да се произведува“ во рамки на централниот економски проблем?
Избор на технологија и комбинација на фактори на производство – дали да се користи повеќе труд или повеќе капитал.
Зошто економијата се смета за општествена, а не за природна наука?
Затоа што ги проучува односите меѓу луѓето во процесот на производство, распределба и потрошувачка, а не природни појави
Што претставува современата (синтетичка) концепција според Пол Семјуелсон?
Обединување на класичната,неокласичната теорија и пазарната парадигма во една која се објаснува со ЦЕП
Капиталот како фактор на производство опфаќа производни средства – машини, алатки, згради, опрема и возила што се користат за создавање други добра и услуги + финансиски капитал
Што проучува позитивната економија?
Факти и реални економски појави – покажува какви се состојбите во економијата
Како се разликува решавањето на централниот економски проблем во командна економија и во пазарна економија?
Во командна економија, одлуките ги носи државата преку централно планирање;
во пазарна економија, одлуките ги носат поединците преку понуда и побарувачка на пазаро
Како се нарекува методот на истражување кога научникот ги набљудува фактите поединечно и од нив извлекува општи заклучоци?
Индуктивен метод-индукција
Што претставува опортунитетниот трошок?
Испуштениот приход (вредност) од алтернатива од која се откажуваме кога избираме нешто друго.
Што опфаќа земјата како фактор на производство?
Земјата како фактор на производство ги опфаќа природните ресурси – обработливо земјиште, просторот за градби и енергетските извори како сонце, вода, јаглен, нафта и природен гас.
Што проучува нормативната економија?
Економски вредносни судови и препораки, ставови, мислења – покажува „како треба да биде“.
Зошто командните економии се покажале како неефикасни?
Затоа што одлуките за производство ги носеле државните планери,
а не пазарот — па не можеле точно да ги предвидат потребите и желбите на луѓето.
Тоа довело до недостиг или вишок на производи и слаба економска ефикасност
Каква наука е економијата и што изучува( дефинирај)
Економијата е фундаментана наука која ги изучува ретките и ограничени ресурси и нивното алоцирање во точки на најефикасна употреба
Што значи рационално искористување на ресурсите?
Алоцирање во точки на најефикасна употреба -со најниски трошоци да се постигне најдобар ефект ( максимален профит или максимално задоволство)
Објасни го факторот на производство претприемништво?
Претприемништвото – човечки фактор што ги комбинира другите ресурси (земја, труд и капитал), презема ризик, воведува иновации и организира производниот процес за поголема ефикасност и добивка.
Наведи пример што ја разликува позитивната од нормативната економија.
Позитивна: „Инфлацијата е 5% оваа година.“
Нормативна: „Инфлацијата треба да се намали на 3
Каква е улогата на пазарот во решавањето на централниот економски проблем?
Пазарот преку механизмот на понуда и побарувачка ги усогласува одлуките на производителите и потрошувачите и овозможува ефикасна распределба на ресурсите.