Што се клучни партнери во бизнис моделот?
Други компании кои обезбедуваат ресурси или активности потребни бизнисот моделот да функционира.
Што значи критериумот „заеднички придобивки“?
И претпријатието и партнерот да имаат корист од партнерството.
Како се нарекува партнерство меѓу компании кои не се директна конкуренција?
Стратешка алијанса.
Што претставува првиот чекор при валидирање на партнерствата?
Дефинирање на потребни партнерства.
Зошто секој бизнис, без разлика на дејноста, има потреба од партнери?
Затоа што не може сам да ги обезбеди сите ресурси и активности.
Што подразбира критериумот „взаемен успех на партнерството“?
Успехот на претпријатието го зголемува успехот на партнерот и обратно.
Кој вид партнерство подразбира соработка со конкуренција?
Коопетиција
Зошто се прави листа на можни придобивки при валидитација на партнерството?
За да се утврди дека и претпријатието и партнерот имаат корист од партнерството и дека тие придобивки имаат еднаква или приближно еднаква вредност.
Кој тип партнери најчесто ги има секој бизнис?
Снабдувачи-добавувачи
Зошто снабдувачот е пример за партнер со взаемен успех?
Затоа што поголем успех на претпријатието значи поголема продажба за снабдувачот.
Што претставува заеднички деловен развој меѓу компании?
Подолгорочно партнерство за заеднички развој на комплетен производ.
Зошто за секое партнерство треба да се дефинираат повеќе потенцијални партнери?
За да постојат алтернативи доколку не се постигне договор.
Што значи ,,споделена економија,,?
Споделување на човечки, физички и интелектуални ресурси како и споделување на активности- креирање, производство, дистрибуција, трговија и користење на производи или услуги од различни луѓе и организации
Претпријатие нема техничко знаење за веб и мобилна апликација. Кој критериум за партнерство овде е најважен?
Коразвој или ко-иновација.
Адвокатска канцеларија соработува со сметководствена фирма за да им понуди целосна услуга на клиентите. За каков вид партнерство станува збор?
Стратешка алијанса.
Наведи пример кога партнерството треба да се раскине и да се направи промена во бизнис моделот.
Кога партнерот не ги спроведува договорените активности или не се постигнуваат очекуваните резултати.
Зошто дел од помалку важните активности(околу 20%) во бизнисот се изведуваат преку партнери?
Затоа што не е економично компанијата сама да вложува во сѐ и сѐшто и преку партнерства може да се споделат трошоците, финансирањето, позајмувањето и инвестирањето.
Фитнес центар и продавница за спортска опрема размислуваат за соработка. Зошто ова партнерство може да биде успешно на долг рок?
Затоа што истите купувачи имаат потреба од услугите и производите на двете компании, што овозможува меѓусебни препораки и зголемена продажба.
Наведи еден конкретен пример на партнерство со комплементарни производи и објасни зошто ова партнерство е корисно и за компаниите и за купувачите.
Пример: производител на базени и производител на пумпи. Партнерството е корисно затоа што се зголемува продажбата кај двете компании, а купувачот добива целосно и функционално решение.
Зошто следењето на прогресот на партнерството е клучен чекор во валидирањето?
Затоа што покажува дали партнерството придонесува за развојот на бизнисот и очекуваните придобивки.