Пронаоѓање на купувачи
Канали на дистрибуција
Крива на прифаќање на нови технологии
Односи со купувачите / продажна инка
Основни права на потрошувачите
100

Кој е првиот чекор при пронаоѓање на купувачи?

Идентификација на целната група.

100

Што претставуваат каналите на дистрибуција?

Начини преку кои производот или услугата стигнува до купувачот.

100

Како се нарекува групата што прва прифаќа нова технологија?

Иноватори.

100

Што претставуваат односите со купувачите?

Начинот на комуникација и интеракција со купувачите.

100

Што претставува фискалната сметка за потрошувачот?

Доказ дека производот е регуларно купен од одреден трговец.

200

Зошто е важно да се знаат потребите на купувачите?

За да се понуди соодветна вредност.

200

Која е главната разлика меѓу директни и индиректни канали на дистрибуција

Дали постои посредник меѓу производителот и купувачот.

200

Кои купувачи ја прифаќаат технологијата по иноваторите?

Рани прифаќачи (Early adopters).

200

 Што е продажната инка?

Начин на визуелизација на продажниот процес

200

Зошто потрошувачот мора да ја чува фискалната сметка?

Затоа што без неа не може да ги оствари своите права (замена, враќање, сервис).

300

Кој метод може да се користи за директен контакт со купувачи?

Интервјуа, анкети или тест-продажба.

300

Мал производител продава преку сопствена онлајн продавница и преку супермаркети. Кои канали на дистрибуција ги користи?

Директен (онлајн продавница) и индиректен (супермаркети).

300

Зошто раните прифаќачи се важни за успехот на нов производ?

Затоа што влијаат врз мислењето на останатите купувачи.

300

Во кои фази од продажната инка најчесто се користат промотивни активности како рекламирање и објави на социјални мрежи?

Во почетните фази – свесност и интерес.

300

Во кој рок потрошувачот може да побара замена на производ што не одговара по големина, боја или модел?

Во рок од 15 дена од денот на купување, ако производот не е употребуван и е сочувана фискалната сметка.

400

Стартап нема купувачи, но има идеја. Што треба прво да тестира?

Дали купувачите имаат реална потреба од производот.

400

Наведи пример кога изборот на погрешен канал на дистрибуција може негативно да влијае врз продажбата.

Пример: луксузен производ што се продава преку несоодветни или евтини канали, што ја намалува перцепцијата на вредноста.

400

Стартап лансира нова апликација и прво ја користат технолошки ентузијасти. Во која фаза од кривата се наоѓа?

Фаза на иноватори.

400

Онлајн продавница објавува реклама на социјални мрежи, потоа испраќа е-пошта со повеќе информации, а на крај нуди попуст за купување. Објасни како овие активности се поврзани со фазите на продажната инка.

Рекламата создава свесност, е-поштата гради интерес и размислување, а попустот ја поттикнува одлуката за купување.

400

Кои права може да ги избере потрошувачот ако купи производ со недостаток?

Бесплатна поправка, замена на производот, намалување на цената или раскинување на договорот со враќање на парите (доволни се две).

500

Наведи пример како бизнис може да најде први купувачи без голем буџет.

Преку социјални мрежи, препораки или пилот-продажба.

500

Производител на рачно изработени производи сака да има директен контакт со купувачите и повисока маржа. Кој канал на дистрибуција е најсоодветен и зошто?

Директен канал (онлајн продавница или директна продажба), затоа што нема посредници и производителот директно комуницира со купувачите.

500

Наведи еден ризик ако бизнисот се фокусира само на иноваторите, а не и на масовниот пазар.

Производот може да не биде прифатен од пошироката публика и да нема раст.

500

Наведи конкретен пример како бизнис може да го задржи купувачот по купувањето и објасни зошто тоа е важно за продажната инка.

Пример: постпродажна е-пошта со поддршка или програма за лојалност. Ова е важно затоа што води кон повторна продажба и долгорочна лојалност.

500

Наведи пример на нечесно пазарно однесување при продажба на производ или услуга.

Заведувачко рекламирање (на пр. „без шеќер“ кога производот содржи шеќер) или тврдење „производот не се враќа и не се заменува“.

M
e
n
u