Одреди дали е точно тврдењето:
"Бројот 7 припаѓа на множеството цели броеви"
Да.
Бројот 7 припаѓа и на множеството цели броеви Z и на множеството природни броеви N.
Спореди ги броевите 23 090 и 22 990.
23 090 > 22 990
Претвори го мешаниот број
4 5/12
во дропка.
4 5/12=53/12
Прочитај го децималниот број 28,35
28 цели и 35 стотинки
или
28 цели, 3 десетинки и 5 стотинки
Колку проценти се
85/100 ?
85%
Одреди го бројот на множеството А={x|x e море во Р.Македонија}.
бА = 0
Одреди ја месната вредност на цифрата 6 во бројот 960 733 228 100.
60 000 000 000
60 билиони.
Која дропка е претставена со точка на бројната права на цртежот:
1 1/6 = 7/6
Спореди ги броевите 8,439 и 8,93 по големина.
8,439 < 8,93
Претвори 8 % во децимален број.
8%=8/100=0,08
Дадено е множеството D = {x|x e буква во зборот МАТЕМАТИКА}.
Запиши го множеството на табеларен начин.
D = {М, А, Т, Е, И, К }
Спореди ги броевите
- 3582 и - 3813
- 3582 > - 3813
Скрати ја дропката
60/24
до нескратливост.
(60:12)/(24:12)=5/2
Заокружи го бројот 34,785 на две децимали.
34,79
Претвори ја дропката
36/50
во процент.
36/50=(36*2)/(50*2)=72/100=72%
Можеството B = {1, 3, 5, 7, 9}, запиши го на описен начин.
B = {x|x е непарен природен број помал од 10
Заокружи го бројот 3 964 438 на најблиската илјада.
3 964 000
Провери дали дропките
5/6 и 40/54
се еднакви, користејќи го правилото за еднаквост на дропки.
5*54 = 270
6*40 = 240
Не, дропките не се еднакви.
Претвори ја дропката
16/9
во децимален број.
1,77777777... = 1,(7)
Претвори 60 % проценти во нескратлива дропка.
60%=60/100=(60:20)/(100:20)=3/5
Запиши ги сите подмножества на множеството N = {M, A, J}.
{M}, {A}, {Ј}, {M, A}, {М, Ј}, {A, Ј} ,{М, А, Ј} и празното множество.
Збирот на римските броеви MCCLV + XII запиши го како природен број.
1255 + 12 = 1267
Спореди ги дропките по големина
2/3 и 4/5
2/3 = (2*5)/(3*5)=10/15
4/5 = (4*3)/(5*3)=12/15
2/3 < 4/5
Претвори го децималниот број 6,25 во нескратлива дропка.
6,25 = 6 25/100= 6 (25:25)/(100:25)=6 1/4=25/4
Пресметај колку изнесува 25% од 160 денари?
25%=25/100=1/4
1/4 * 160 = (1*160):4 = 40 денари