Која е мерна единица за количество топлина?
Џул (J)
Температури
Апсолутната нула изнесува ________________.
0K = - 273 0C
Мерен инструмент за температура е ___________.
Термометар
Дополни ја реченицата:
При загревање, различните течности ______________ се шират.
Различно.
Што е апсолутна нула?
Апсолутна нула е температура на која го замислуваме престанокот на движење на сите молекули.
Што е топлина?
Внатрешната енергија која од потоплото преминува на поладното тело се вика топлина.
Дефинирај температура.
Температура е мерка за степенот на загреаност на телата.
Што е аномалија на водата?
Својството на водата специфично да се однесува т.е да прави отстапка од нормалното однесување така што при ладење нејзиниот волумен се намалува но само до 4 0C, а со понатамошно ладење волуменот и се зголемува.
Во формулата
Q = m*c*Δt
буквата c претставува ________________________.
Специфичен топлински капацитет на материјалот од кој е направено телото.
Стаклено шише полно со вода ќе се распука кога водата ќе замрзне. Дали стаклено шише полно со масло ќе се распрсне кога маслото ќе замрзне?
НЕ. При ладење маслото го намалува својот волумен. А водата при ладење под 40C го зголемува својот волумен поради аномалијата на водата, и така шишето би пукнало.
Каде нашло примена ширењето на тврдите тела?
Колку изнесува температурата на вриење водата во келвини?
t = 1000C
T = t + 273
T = 373K
Претвори 270 К во Целзиусови степени.
t = T - 273
t = 270 - 273
t = - 3 0C
Претвори - 8 0C во келвини.
T = t + 273
T = -8 + 273
T = 265 K
Тело од олово, со маса 350g, се загрева, при што се троши енергија од 150 kJ. За колку ќе се промени температурата на телото?
c_о = 129 J/(kg*^0C)
Δt = 3322,3 0C
Тенџере од челик има маса од 0,7kg. Колкава енергија треба да се одземе за да се намали неговата температура од 1000C на 300C?
c_ч = 490 J/(kg*^0C)
Q = 24010 J
За да се намали температурата на радијатор направен од бакар за 100C, потребно е да се одземе енергија 68400 J. Одреди ја масата на радијаторот.
c_б = 380 J/(kg*^0C)
m = 18 kg.
Сад со маса 650g се загрева. За да се промени неговата температура за 600C, потрошени се 29370J. Одреди го специфичниот топлински капацитет на материјалот од кој е направен садот.
c = 753 J/(kg*^0C)
Температурата на водата од градскиот водовод е 11 0C. При загревањето вода во некој сад температурата станала тројно поголема.
Изрази ја промената на температурата на водата според Целзиусовата и Келвиновата скала.
t1 = 11 0C
t_2 = 3 * 11^0C
Δt = t_2 - t_1 = 33 ^0C - 11 ^0C = 22 ^0C
ΔT = 22 K