Ученик бр.1
Ученик бр.2
Ученик бр.3
Ученик бр.4
Ученик бр.5
100

Наведи пример каде има хемиска енергија?

Во батеријата, во храната, нафтата и др.

100

Која е основна мерна единица за енергија?

Џул (J)

100

Претвори 

650 mJ = _____________ J.

65 mJ = 0,65 J

100

Кои видови енергии спаѓаат во групата на кинетичка енергија?

Топлинска енергија, светлинска, звучна, електрична и др.

100

Збирот од кинетичката и потенцијалната енергија на телото се вика _____________________ .

Механичка енергија

200

Што е енергија?

Енергија е физичка величина која покажува колку едно тело е способно да изврши некаква работа.

200

Дефинирај кинетичка енергија.

Кинетичка енергија е енергијата што ја имаат телата кои се во движење.

200

Дефинирај гравитациска потенцијална енергија.

Гравитациска потенцијална енергија е енергијата што ја имаат телата кои се подигнати на одредена висина.

200

Како гласи ЗЗЕ?

При секое претворање на енергијата од еден во друг вид таа се запазува (зачувува), односно вкупната енергија пред претворањето е еднаква со вкупната енергија после претворањето

200

Што е потенцијална енергија?

Енергијата што е складирана во самото тело, иако тоа не се движи

300

Објасни каква претворба на енергијата се случува кога ќе се приклучи Нутри булет? 

Дали целата енергија е корисна?

Електрична ---------> Механичка (корисна) + Звучна ("загубена") + Топлинска ("загубена")

300

До која висина треба да се фрли камен со маса 200 g за во највисоката точка неговата потенцијална енергија да изнесува 60 J?

h = 30,6 m

300

Објасни какви претворби на енергијата се случуваат при производство на струја во термоцентрала?

Хемиска ----> Топлинска ----> Кинетичка ----> Механичка ----> Електрична

300

Товарен камион се движи со брзина 15 m/s и има кинетичка енергија 225 kJ. Определи ја неговата маса.

m = 2 t

300

При приклучување на сијалицата, вкупната енергија од 100 J се претворила, и се добила 70 Ј енергија за осветлување на собата. 

Дали дел од енергијата е уништен?

Објасни каква претворба на енергијата се случува.

НЕ.

Електричната енергија се претвора во светлинска и топлинска бидејќи сијалицата е загреана. Значи има "загуба" од 30 J топлинска енергија, т.е таа енергија постои но не е корисна.