За прв претседател на Република Македонија беше избран?
Киро Глигоров
Референдумот за самостајност и независност се одржа на?
8 септември 1991г.
Што е референдумот од 1991 година?
Највисокиот демократски чин на кој граѓаните со непосредно гласање одлучија за самостојност на Македонија
Кој беше главен град на Народна Република Македонија?
Скопје
Како се нарекува традиционалната македонска свадбена облека?
Невестинска Носија.
Првиот премиер на независна Македонија е?
академик Никола Кљусев
Кога беше избрана првата влада на Република Македонија и како беше наречена?
20 март 1991г. - експертска
Што претставува уставот на РМ од 1991 година?
Највисок државно-правен акт со кој Македонија беше прогласена за независна и суверена држава.
Кој беше официјалниот јазик во Македонија во времето на Југолсавија?
Македонски Јазик
Што се одбележува со обичајот Коледе?
Изутрината на Бадник, коледарите-дечињата го најавуваат Христовото раѓање.
Кој е првиот претседател на собранието на независна Македонија?
Стојан Андов
Кога се слави денот на народното востание?
11ти Октомври
Што претставува декларацијата на независност?
Тоа е првиот државно-правен документ изгласан од собранието со кој се насочува патот кон сувереноста и независноста.
Кој е најпознатиот писател во Македонија во времето на Југославија?
Кочо Рацин
Кои обичаи ги чинат верниците пред и за време на Велигден?
Лазарова Сабота(се носат гранчиња од врба, лазарки пеат песни), Цветници(се берат цвеќиња од ливадите), а на Велигде се вапцаат црвени јајца.
Врз кого е извршен атентатот во 1995 година?
На 3 октомври 1995г. врз претседателот Киро Глигоров, пред хотел Бристол во центарот на Скопје.
Кога се одржаа првите повеќе партиски избори?
11 ноември 1990г
На Велигден 26 април 1992 г. премиерот Никола Кљусев во Собранието претстави банкноти од македонската валута, која се вика?
Денар
Како се нарекуваше Македонија во периодот 1946-1963 година?
Народна Република Македонија
Што претставува обичајот Сурово и кога се практикува?
Обичајот Сурово претставува бркање на злите духови во т.н некрстени денови, ноќта помеѓу 13 и 14 јануари Суроварите се облекуваат во маска налик на свадба и ги посетуваат домовите. Домаќините ги даруваат со ореви,костени,вино,колачиња, а Суроварите ги благословуваат.
Кој е Васил Тупурковски?
Беше член на последното претседателство на Југославија, заземаше високи положби во тогашната федерација, и беше министер во Владата на Р.М од период на 1998-2002г.
Кога е донесен првиот устав на Република Македонија
17 Ноември 1991г.
Што е резолуцијата 817 на ОН (Обединетите нации)
Со оваа резолуција на 8 април 1993 година Македонија беше примена како 181 членка на ООН. Поради политичкото спротивставување и лобирање на Грција, привремено беше заведена како поранешна југословенска Република Македонија.
Кога и како Македонија стана дел од Југословенската Федерација!
Со одлуката на второто заседание на АВНОЈ во Јајце, одржана на 29 ноември 1943г. Македонија беше признаена како рамноправна држава-единка во Демократска Федерална Југославија.
Кога се празнува обичајот ,,Умрело дете за баничка'' и опиши го адетот?
Се празнува саботата пред Прочка, преданието и приказната вели, дека некое сиромашно дете барало од неговата мајка да му усука баничка, но поради немаштијата таа почнала да моли за брашно, но никој не и помогнал, детето умрело и од тогаш се сукало и раздавало баница.