Која е основна мерна единица за сила?
Њутн (N)
I Њутнов закон се вика уште и ______________________________ .
Закон за инерција.
Кој е инструмент за мерење на големината на силата?
Динамометар
Мерката за инертност на телата се вика ______________ .
Маса
Мерката за заемнодејство помеѓу телата се вика ______________ .
Сила
Секое тело ја запазува својата состојба на мирување или рамномерно праволиниско движење, се додека на него не дејствува некоја сила и го принуди да ја промени таа состојба.
Дефинирај Еластична сила?
Силата што се јавува при промена на обликот (формата и волуменот) на телото.
Што е инерција?
Појавата телата да ја запазуваат првобитна состојба на мирување или рамномерно праволиниско движење.
Како гласи Хуковиот закон?
Силата која дејствува на еластична пружина е правопропорционална со издолжувањето на пружината што се случува под дејство на таа сила.
Која е причината поради која едно тело се придвижува или пак му се менува обликот?
На него дејствувала некоја сила.
ЈАС ДЕМОНСТРИРАМ
Потребен материјал: Прачка, крпа, топче од бозел обесено на конец.
ЗАКЛУЧОК: Електростатичката сила е еден пример на ______________________ заемнодејство.
Индиректно
Потребен материјал: Стаклена чаша со вода, чаршав.
Постави чаша со вода над чаршав на масата. Повлечи го чаршавот.
ЗАКЛУЧОК: Чашата, поради својството _______________________ , сака да си ја задржи својата состојба на мирување.
Инертност.
Потребен материјал: 2 различни пружини, 2 исти тегови.
Постави по еден тег на секоја од пружините.
ЗАКЛУЧОК: Под дејство на истата сила од тегот, пружините различно се издолжуваат бидејќи имаат различни __________________________.
Константи на еластичност.
Потребен материјал: Железни парички
Постави ги железните парички една над друга, а една паричка нека стои на страна. Удри и "чврга" на таа паричка во насока на кулата од парички.
ЗАКЛУЧОК: Кулата од парички, според појавата _______________________ , сака да си ја задржи својата состојба на мирување, и затоа не се распаѓа.
Инерција.
Наброј 5 видови на сили?
Еластична, сила на туркање, магнетна, електрична, сила на триење, гравитациона.
F = 3 N
x = 2 cm
k = ?
F = k * x
k = F / x
F = (3N) / (0.02m)
k = 150N/m
F = 0,4 kN
k = 500 N/m
x = ?
x = F/x
x = (400N)/(500N/m)
x = 0,8 m
k = 40 N/m
x = 2,5 cm
F = ?
F = k * x
F = 40N/m *0.025m
F = 1 N
F = 0,07 kN
x = 0,5 m
k = ?
k = F/x
k = (70N)/(0,5m)
k = 140 N/m
Наведи пример за две тела, едното со голема, а другото со мала инертност во споредба со првото.
Камион (голема инертност) и Велосипед (мала инертност)
Зошто велиме дека силата е векторска, а не скаларна величина?
Бидејќи за да биде целосно определена, освен нејзината големина, треба да се знаат и нејзиниот правец и насока.