Ученик бр.1
Ученик бр.2
Ученик бр.3
Ученик бр.4
Ученик бр.5
100

Кој Њутнов  закон на движењето ја искажува врската помеѓу силата, масата и забрзувањето?

Вториот Њутнов закон

100

Како уште се нарекува Третиот Њутнов закон?

Закон за акција и реакција.

100

Запиши ја формулата која го искажува Вториот Њутнов закон.

F = m*a

100

Како е насочен векторот на силата на Земјината тежа?

Вертикално надолу

100

Дополни ја реченицата:

Секоја акција има своја _____________ .

Реакција

200

Што ќе се случи со забрзувањето на телото, ако неговата маса се намали 3 пати?

Забрзувањето ќе се зголеми 3 пати.

200

Што ќе се случи со забрзувањето на телото, ако силата која му дејствува се зголеми 7 пати.

Забрзувањето ќе се зголеми 7 пати.

200

Во играта куглање, кажи која е силата на дејство, а која е силата на противдејство.

Силата со која куглата ги турка чуњевите е силата на акција (и притоа тие паѓаат).

Силата со која чуњевите дејствувале на куглата е силата на реакција (и куглата се успорува или го менува правецот на движење).

200

Човек шета куче кое се затрчува. Која е силата на акција, а која сила на реакција?

Силата на акција е силата со која кучето го трга човекот (и затоа и тој се забрзува), а силата на реакција е силата со која човекот го трга кучето во спротивната насока (и затоа сеуште го држи јажето).

200

Кога силно се удира со раката на маса се чувствува болка. Од која сила потекнува болката што се чувствува при ударот?

Болката потекнува од силата со која масата дејствува на раката.

300

Како гласи Третиот Њутнов закон?

Ако едно тело дејствува на друго тело со сила F1, тогаш и второто тело дејствува на првото со иста сила по големина но, спротивна по насока.

300

Како гласи Вториот Њутнов закон?

Силата F која дејствува на тело со маса m и му дава забрзување a, е еднаква на производот од масата на телото и неговото забрзување.

300

Што е сила на Земјина тежа?

Гравитациската сила со која Земјата ги привлекува телата кои се наоѓаат на неа или во нејзина близина се вика сила на Земјина тежа.

300

Што е тежина?

Силата со која телото дејствува на подлогата на која е поставено или го затегнува конецот ако е обесено се вика сила на Земјина тежа.

300

Што е тежиште?

Нападната точка на векторот на силата на Земјината тежа кој дејствува вертикално надолу се вика тежиште на телото.


Тоа е точка каде што се смета дека е сконцентрирана целата маса на телото.

400

F = 0,4 kN

m = 500 g

a = ?

 a = F/m 

 a = (400 N)/(0,5kg) 

 a = 800 m/s 

400

F = 2010 mN

a = 6,7 m/s2

m = ?


 m = F/a 

 m = (0.,2N)/(6,5m/s^2) 

 m = 0,3 kg 



400

G = 256 mN

m=?

g = 9,81 m/s2

m = G/g 

m = 0,256 N / 9,81 m/s2

m = 0,0261 kg = 26,1 g

400

Од целиот потисок што го имаат моторите на вселенското летало "Аполо 11", 5000 kN се користат за да се придвижи ракетата при полетување. Притоа, забрзувањето што го постигнува изнесува 1,6 m/s2. Колкава е масата на ракетата?


m = 3125 t

400

m = 900 g

G = ?

g = 9,81 m/s2

G= m*g

G = 0,9kg * 9,81 m/s^2

G = 8,829 N

500

На графикот е прикажана промената на брзината со текот на времето за голем камион т.е шлепер, со вкупна маса од 16 t. Колкава е силата што дејствува на камионот?

F = 70 kN

500

Тело со маса од 2 kg се движи рамномерно забрзано без почетна брзина. После време од 5 s, телото постигнало брзина од 20 m/s. Да се определи:           

а) забрзувањето на телото

б) должината на изминатиот пат

в) силата која го забрзува телото

a = 4 m/s2 ;  

s = 50 m ;  

 F = 8 N

500

Просечен возач може да го сопре возилото за 4,87 s ако вози со брзина од 60 km/h. Ако тоа возило е "Фиат 500", со маса 900kg, колкава е силата на сопирањето?

Ако се користи истата сила за сопирање "Пежо 308 CB", со маса 1600 kg, колкаво ќе биде забрзувањето?

F = 3089 N

a2 = 1,925 m/s2

500

Воз со маса 300 t се движи со брзина од 40 km/h. Железничката станица на која треба да запре, се наоѓа на растојание 200 m кога почнува да сопира. Максималната сила со која можат да дејствуваат сопирачките на возот изнесува 100 kN. Дали тој ќе може да застане во станицата?

ДА

s = 187 m

500
  • Да се определи забрзувањето со кое се движи телото ако на него дејствуваат три сили и тоа надесно паралелно на подлогата F1 = 8 N, и налево паралелно на подлогата F2 = 3 N и F3 = 2 N. Каква е насоката на забрзувањето? Колкав пат ќе помине телото за 3 s и колкава ќе биде неговата брзина на крајот од третата секунда? Масата на телото изнесува 300 g , а неговата почетна брзина е нула.

F = F1 - F2 - F3

F = 8N - 3N - 2N = 3 N

Забрзувањето е надесно бидејќи резултантната сила е насочена надесно.

a = F / m

a = 3N / 0,3 kg = 10 m/s

s = (a*t^2)/2

s = 45 m

v = a*t

v = 30 m/s