Кислородот што го вдишуваш е производ на процесот на ...
фотосинтеза
Ацетонот кој го користиш за бришење лак од нокти според хемискиот состав е?
пропан-2-он (кетон)
„Дајте ми потпирка и доволно долг лост и ќе ја поместам Земјата.“ Ова е прочуена изрека на старогрчкиот математичар, физичар и инженер ...
Архимед
Која функција прва се извршува во програма напишана со програмскиот јазик C++?
Човек тргнал пеш и во еден ден можел да помине 30км . После 6 дена по истиот пат тргнал друг човек и по 9 дена го стигнал првиот патник. Колку километри на ден поминувал вториот патник?
50км на ден
Кој шеќер ти ја дава енергијата за вежбање на часовите по спорт?
гликоза
Кое соединение се крие зад популарниот назив за пластика PVC
Поливинилхлорид
Силата со која магнетното поле му дејствува на проводник со струја се вика ...
Амперова сила
Функциите,
Ана решила на журката да прави коктел „S.. on the beach“ за 25 гости. Рецептот за 1 коктел е 40ml вотка, 20ml ликер од праска, 60 ml сок од портокал, 60 ml сок од брусница и 5 коцки лед. Колку литри вотка треба да купи Ана, за да направи по два коктели за сите гости?
2 литри
Која крвна група ја има Јане ако во неговата крвна плазма има α (алфа) и β (бета) антитела?
О - нулта група
Името на овој вонвременски хит на групата AC/DC е кратенка од хемискиот назив на еден експлозив. Неговото целосно хемиско име е ...
2,4,6-тринитротолуен (TNT)
Процесот на разложување на светлината по бранова должина се вика ...
дисперзија
Како се нарекува променлива дефинирана во декларацијата на функцијата?
Решение на неравенката |x-4|<7 е интервалот
( потсети се на песната „Како кучето мое....“ )
(-3,11)
-3<x<11
Колку хромозоми ќе имаат половите клетки на овца, ако во нејзините мускулни клетки има 54 хромозоми?
27 хромозоми
Некоја супстанца кога се наоѓа во цврста агрегатна состојба не спроведува струја, но ако се раствори во вода станува добар електроспроводник. Каква градба има супстанцата?
Јонска (јонски кристал) (изградена е од јони)
Еден човек гледа лик на еден предмет, формиран од оптички уред. Притоа се знае дека уредот е некакво огледало, дека ликот е помал од предметот и дека е исправен, не е превртен. За какво огледало се работи?
Испакнато
Како се нарекува вредноста со која се повикува одредена функција?
Кој код ќе ја отклучи бравата? (сите цифри од 0,1,2,...9 без повторување)
6-8-2 еден е точен број и на вистинското место
6-1-4 еден е точен, но не е на вистинското место
2-0-6 два броја се точни, но не се на вистинското место
7-3-8 нема точни броеви
8-7-0 еден број е точен , но не е на вистинското место
Вистинскиот код е...
0-4-2
Ако за ручек јадеш варен компир, парче пилешко месо и салата марула со маслиново масло, која намирница ќе се разложи најбрзо?
компир
Кои производи треба да ги купиш од продавница за да си приготвиш домашен сапун?
Масло (маст) и натрум хидроксид (жива сода)
Најголема брзина со болид на Формула 1 има постигнато Антонио Пицонија од тимот на БМВ Вилијамс, која изнесува V =369,6 km/h=102,67 m/s. Овој болид од мирување може да ја постигне оваа брзина за време t = 10 s. Колкав пат изминува болидот за тоа време?
s=513,5 m
Кој е типот на функцијата која НЕ враќа резултат?
Авион лета на некоја висина и прима сигнал од контролната кула од аеродромот.Растојанието од врвот на контролната кула до авионот е 6км (воздушна линија) , а аголот под кој се гледа авионот е 300. Ако кулата е висока 10м , на која висина лета авионот?
3 км 10м (3010м)