Што претставува модел на приходи?
Модел на приходи е дел од бизнис моделот кој покажува како компанијата ќе генерира доволно приходи за да ги покрие трошоците и да обезбеди профит, односно начинот на кој се наплаќа вредноста што им се испорачува на купувачите.
Што значи одржлив бизнис модел?
Одржлив бизнис модел е бизнис модел кој генерира доволно приходи во подолг временски период, односно може континуирано да го одржува работењето на компанијата.
Што е стартап?
Стартап е привремена организација дизајнирана за барање на одржлив, повторлив и скалабилен бизнис модел.
Кои се четирите фази на раст на компанија
1.Стартап фаза
2️.Иницијален раст
3.Рапиден раст
4️. Континуиран раст
Кои се два типа цени во моделот на приходи?
Фиксни цени – однапред утврдени и непроменливи
Динамични цени – променливи, зависат од побарувачка, преговарање или услови на пазарот
Кои се три вида предвидување на побарувачка?
1.Краткорочно предвидување
2️.Среднорочно предвидување
3️. Долгорочно предвидување
Кои се 4 улоги на претприемачот?
Вработен / техничар
Менаџер / координатор
Претседател (градител на бизнис)
Инвеститор / сопственик
Претприемач нема време за сите задачи. Која фаза е?
Иницијален раст
Бидејќи во оваа фаза:
➡ обемот на работа се зголемува
➡ претприемачот не може сам да ги извршува сите задачи
➡ се јавува потреба од делегирање
Платформа со месечна претплата. Кој модел на приходи е?
Регистрација (претплата)
Односно приходен модел каде купувачите плаќаат редовен (најчесто месечен) износ за континуиран пристап до услугата.
Продажба расте секој месец. Што покажува тоа?
Тоа покажува дека бизнис моделот е повторлив и има тренд на раст на побарувачката.
Зошто улогите на претприемачот мора да се менуваат?
Улогите на претприемачот мора да се менуваат затоа што со растот на компанијата се менуваат потребите на бизнисот. Во различни фази се потребни различни вештини. Затоа претприемачот мора да се прилагодува за компанијата успешно да расте.
Кои се главните цели во рапиден раст?
Главните цели во фазата на рапиден раст се:
1. Значителен раст на учество на пазарот
2️. Да стане пазарен лидер во нишата
3️. Градење инфраструктура и силен менаџерски тим
4️. Вработување и интеграција на нови луѓе
Приходи растат, профит не. Што значи тоа?
Тоа значи дека трошоците растат побрзо или пропорционално со приходите, па профитабилноста не се подобрува.
Зошто само раст на приходи не е доволен за успех?
Само раст на приходи не е доволен за успех, затоа што:
➡мора истовремено да се контролираат и трошоците
➡ бизнисот треба да генерира профит
➡растот треба да биде ефикасен, односно без пропорционално зголемување на напорот и трошоците
Компанија воведува стратегии и системи за иднина. Во која фаза на развој на менаџмент е?
Одговор: Стратешки стил на менаџмент.Бидејќи:
- се фокусира на долгорочни цели
- воведува системи и стратегии
-носи одлуки за идниот развој на компанијата
Компанија воведува иновации и организациска култура. Која фаза е?
Континуиран раст
Бидејќи во оваа фаза:
➡ компанијата се фокусира на иновации
➡ се гради организациска култура
➡ се одржува долгорочна стабилност и развој
Што треба да се направи ако приходите не ги покриваат трошоците?
-да се направат промени во трошочната структура
-да се прилагодат клучните ресурси и активности
-да се повтори процесот на валидација на бизнис моделот
Како финансиската анализа ја потврдува одржливоста?
➡ дали приходите ги покриваат трошоците
➡ дали бизнисот генерира профит
➡ дали профитабилноста се подобрува со растот
➡ дали има позитивен готовински тек
Кога компанијата има менаџерски систем?
Компанијата има менаџерски систем кога преминува од стартап во вистинска компанија и воспоставува:
➡ јасна организациска структура
➡ процеси и процедури
➡ систем за управување со работата и растот
Компанија која започнала како мал бизнис почнува брзо да расте. Сопственикот сфаќа дека повеќе не може сам да управува со сите активности, па формира менаџерски тим. Кои нови улоги на претприемачот се појавуваат во оваа ситуација?
Градител на тимови
Тренер
Планер
Комуникатор